Renault ќе ја продава Arkana под друго – поради Србија!

ОБЈАВЕНО НА:

Сите со нетрпение го очекуваат новиот модел на Renault што треба да го има името ARKANA. Но, според последните информации новото крос-купе ќе се продава на пазарите во Источна Европа со друго име.

Францускиот бренд не сака името на Arkana да се поврзува со Жељко Ражњатовиќ – Аркан кој e познат на просторите на Бивша СФРЈ како водач на паравоените формации „Тигри“ и во многу делови го сметаат за херој, а исто така беше и на листата на најбараните луѓе од страна на Интерпол.

Источноевропската верзија на Arkana ќе биде дел од семејството на Megane, а за да се разликува од другите модели ќе се нарекува Conquist. Дизјанот ќе биде идентичен со тој на производното купе од Русија, но ќе биде поставено на друга платформа.

Во основа на Megane Conquest ќе биде на CMF-B архитектурата користена кај Clio и Captur, а не модернизираната шасија B0 на Arkana. Истиот автомобил веќе се продава во Јужна Кореја под името Samsung XM3.

Conquest ќе има не само помодерна платформа туку и различен ентериер. Megane Conquest ќе се произведува во фабриката на Renault во Јужна Кореја, а доставите ќе почнат во почетокот на 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK