Renault ги електрифицира Clio и Captur

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај бестселерот Zoe, кој доаѓа за неколку недели во новата верзија на пазарот, доаѓаат и моделите Kangoo Z.E., агилниот Twizy и Z.E Renault, кои веќе се добро позиционирани во областа на електричната мобилност. Како дополнување кон чисто електричните модели во иднина брендот ќе се фокусира и на хибидни продукти.

Во 2020 година, на пазарот ќе излезе Clio на нов хибриден погон, а ќе биде следен од новиот plug-in хибрид Captur во текот на истата година. Севкупно, Renault ќе ја прошири својата понуда до крајот на 2022 година на осум чисто електрични и 12 електрифицирани модели.

Првите технички детали за новата хибридна верзија на Clio се ветувачки. Погонскиот систем од Renault како E-TECH, ќе се состои од 1,6-литарскиот бензинец, два електромотори и батерија со капацитет од 1,2 кВтч. Автомобилот е со иновациски мултирежимен менувач, како и погон на предните тркала.

Производителот на автомобили од Франција за оваа комбинација вети „висока ефективност, одлична реакција и брзо враќање на енергијата при забавување на брзината“.

Според прогнозата на брендот до 80 проценти од сите градски патувања ќе можат да бидат извршувани само на чисто електричен погон. Тој од своја страна означува, дека во споредба со класичниот бензински модел, потребата на гориво ќе падне за 40 проценти.

Исто така во текот на следната година, новиот Captur, европскиот лидер на пазарот меѓу компактните кросовер модели, ќе почне да се нуди првпат со силата на две „срца“. E-TECH електронскиот додаток за хибриден погон комбинира електричен мотор и ДВГ. Основната структура е споредлива со хибридното Clio, кое е 1.6-литарски бензински мотор со два електромотори, мултирежим менувач и можност за полнење од електричната мрежа.

Најзначајната разлика е батеријата, која ќе има капацитет од 9,8 кВтч. Тоа во комбинација со многу ефективно враќање на енергијата при намалување на брзината до 45 километри што дозволува чисто електрично возење со брзина до 135 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK