Renault доби нов извршен директор

ОБЈАВЕНО НА:

Renault конечно пронајде нов, долгорочен наследник на Гон, назначувајќи го Лука де Мео за нов извршен директор на компанијата.

Де Мео на оваа позиција доаѓа на местото на Карлос Гон кој во 2018 година беше обвинет за финансиски малверзации поради што предизвика голема криза на односите помеѓу Renault и Nissan во заедничката алијанса.

Токму примарна цел на де Мео е да ги консолидира односите на релација Renault-Nissan и да ја врати конкурентноста на оваа Алијанса на глобално ниво.

Италијанецот во Renault доаѓа откако претходно ја извршуваше истата позиција во Seat, а претходно работеше и во Lancia, Fiat, Alfa Romeo како и Abarth.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK