Renault Clio и Captur со нови LPG верзии

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault ја прошири модификациската понуда на новите генерации на Clio и Captur, додавајќи ја новиата двогоривна (LPG/бензин) варијанта TCe 100 LPG. Од Renault коментираат дека овој тип на мотори се имаaт докажано на пазарот како лесен и ефективен за користење, а во исто време нуди и сериозни заштеди и моќност за даночни стимулации.

Новиот TCe 100 LPG мотор е трицилиндричен и ветува дека ќе биде применлив за секојдневна урбана употреба и за подолги патувања, а доаѓа со намалување од околу 8% во CO2 емисиите во споредба со бензинскиот мотор. Голема придобивка е и фактот дека двогоривните верзии на Clio и Captur се нудат без промена во цената во споредба со соодветните бензин верзии.

Од Renault споредлуваат дека стандардно LPG моторите се нудат со до 30% пониска потрошувачка на гориво во споредба со бензиновиот еквивалент и со до 8% во споредба со дизеловиот.

LPG верзиите на новите Renault Clio и Captur се опремени со два резервоари, кои во комбиниран режим на употреба ветуваат можност за поминување над 1000 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK