Renault Arkana нема да се продава во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само неколку денови беше премиерно претставен на саемот за автомобили во Москва, Renault објави дека најновиот SUV Arkana сепак нема да се продава на останатите пазари во Европа.

Продажбата на овој автомобил од C сегментот ќе започне следната година во Русија, а веднаш потоа ќе се започне и со глобална експанзија. Сепак во оваа експанзија не се вклучени пазарите од останатите земји од Европа што значи дека љубителите на Renault автомобилите од Европа нема да може да го купат овој автомобил.

Покрај пазарот во Русија, стратегиски пазар на овој автомобил ќе биде и пазарот во Азија каде ќе биде понуден како поевтина варијанта на Mercedes GLC Coupe, BMW X4 и Audi Q4.

Ден пред премиерата на овој модел се појави информација дека приоритетен пазар покрај рускиот за Arkana ќе биде и европскиот, но сега само неколку дена од премиерата стигнува официјална потврда за намерата на Renault да не го продава овој модел во Европа.

Нејасно е дали во Европа, францускиот производител ќе лансира друг модел или воопшто нема да конкурира во овој пазарен сегмент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK