РЕКОРД: Во јануари увезени најмногу нови возила во последните 14 години

ОБЈАВЕНО НА:

Јануари 2023 е најбериќетен месец во последните 14 години за автоиндустријата во Македонија бидејќи се увезени „рекордни“ 576 нови автомобили. Тоа ја надминува минатогодишната бројка на увезени нови автомобили за 73 кога вкупниот број на увезени нови возила бил 503.

Продажбата на нови возила лани по подолг период во јануари ја мина бројката од 500 увезени, а вкупниот број на увезени нови возила за 2022 година беше 8790.

По пандемиската година полека се опоравува и овој пазар, иако има значително зголемување на цените на нови автомобили. И покрај тоа увозниците полека се враќаат на старите патеки, и во ситуација кога не само што има недостаток на чипови туку и постои одреден период на чекање на испорака поради големата побарувачка.

Аналитика на увозот на нови возила не постои бидејќи веќе не функционира ниту Комората на увозници на автомобили кое до пред извесен период самостојно ги собираше овие податоци. Македонија е веројатно единствена држава во регионов па и Европа каде нема ваква статистика.

Лани вкупната бројка на увезени автомобили беше 35.458 од што на половни возила отпаѓа 23.381 возило

Следете не и на:

24AUTO NETWORK