Рекорд: Уште не почнал да се произведува а веќе има 250.000 нарачки

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку недела Tesla објави дека веќе има 150 илјади нарачки за новиот Cybertruck, сега оваа бројка се зголеми за нови 100.000 нарачки.

Така, сега, иако не е во сериско производство, за овој модел има веќе над 250 илјади нарачки што е апсолутен рекорд во автомобилската индустрија.

Основната цена на Tesla Cybertruck изнесува 39.900 долари. Доаѓа со два мотори и погон на сите четири тркала, но за оваа верзија ќе мора да издвоите 49.900 долари. При тоа, првата верзија има домет од 402 км додека втората 483 км.

Сериското производство на овој модел ќе започне во текот на 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK