Рекорд на македонските патишта: Полицијата го „фати“ на радар со 231 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Македонската полиција во контрола на автопатот Куманово-Скопје-Велес „фати“ несовесен возач кој се движел со брзина од 231 км/ч/. Тој е еден од 116-те возачи кои денеска управувале со брзина над дозволената.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 116 возачи. Од нив 18 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над дозволеното.

Според Законот тие ќе треба да платат меѓу 300 и 400 евра во денарска противредност за прекршокот и плус дополнително ќе добијат и забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK