Речиси 60.000 возила на Mercedes мораат на дополнителен сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes започна кампања за повикување на дополнителен сервис на 59.574 возила произведени помеѓу 2018 и 2022 година. Повикот е поради седиштата од третиот ред во одредени теренци GLS. Проблемот првпат бил откриен во февруари 2022 година, кога снабдувачот на Мерцедес, Brose North Amerca, го извести производителот за потенцијален проблем.

Тој ја предупредил германската компанија дека можеби не инсталирала или не ги поставила пружините во механизмите за заклучување на некои седишта од третиот ред, пишува Autoblog.

Mercedes во април го истражуваше проблемот и неговите можни последици. Утврдено е дека проблематичната пружина може да предизвика откажување на бравата на наслонот во случај на судар. Ако седиштето се сруши при судар, тоа може да го зголеми ризикот од повреда.

За среќа, Мерцедес нема информации за евентулани поплаки или повреди поврзани со ова прашање.

Повлекувањето влијае на:
* 51.998 модели на Mercedes-Benz GLS450, произведени помеѓу 18 септември 2018 година и 4 јули 2022 година;
* 5.212 модели на Mercedes-Benz GLS580 произведени помеѓу 18 септември 2018 година и 4 јули 2022 година;
* 2.364 примероци на моделот Mercedes-Benz AMG GLS63 произведени помеѓу 18 септември 2018 година и 14 јули 2022 година.

Добавувачот на Mercedes сега воведе автоматизиран процес на вметнување пружини и дополнителен тест чекор во процесот на производство за да се осигура дека сите идни седишта од третиот ред се опремени со делот што доведе до ова повлекување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK