Реакција и од Владата: Британците гневни на Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

По објавата дека јапонскиот производител Nissan нема да го произведува моделот X-Trail во својата фабрика во Сандерленд (Велика Британија) со реакција излезе британската влада.

Во соопштение објавено од страна на секторот за односи со јавност, се наведува дека Владата е разочарана од одлуката на Nissan за намалување на обемот на работа и намалување на севкупните оперативни активности на Островот.

“Тоа е многу разочарувачки” стоеше во соопштението каде се вели дека сепак Nissan нема да отпушта работници како тоа што го направи Ford и Jaguar Land Rover, па оттука и натаму ќе остане посветен на операциите кои ги извршува во Велика Британија.

Инаку Nissan поради актуелната политичка ситуација и неизвесност одлучи да прекине со производство на овој модел кој долги години се произведуваше во фабриката во Сандерленд. Некои аналитичари сметаат дека Nissan планира во блиска иднина да прекине со производство и на моделите Juke и Qashqai, а со намален обем на производство да се посвети на производството на електричиот Leaf.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK