Радикална мерка: Од 2035 година се забранува продажбата на бензински и дизелски возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија е земјата која прва презема радикални мерки за заштита на квалитетниот воздух и намалување на издувните гасови.

Откако ја напуштија Европската Унија, земјата се насочува кон создавање на сопствени регулативи, па Борис Џонсон и неговата администрација донесоа бројни важни одлуки. Една таква одлука е забраната за продажба на возила со бензински и дизелски мотори, вклучувајќи ги и хибридите со основен бензински или дизелски мотор.

Иако претходно се очекуваше оваа одлука да важи од 2040 година, сепак во важност ќе дојде пет години порано односно во 2035 година, пренесуват британските медиуми.

Сепак возилата купени пред 2035 година ќе може да се користат, но не во централните градски подрачја каде и сега во некои британски градови се забранети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK