2017 - Genèse Design Nouveau Dacia DUSTER

Работниците се враќаат во фабриките – од 21 април продолжува производството на Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Поради коронавирусот фабриката на Dacia во романскиот град Миовени беше затворена минатиот месец. Сега, романските медиуми повикувајќи се на извори од компанијата наведуваат дека месецов ќе се рестартира производството.

Почетокот на производството ќе се направи во две фази. Првата започнува на 21 април додека втората на 4 мај.

“Во договор со партнерите, а со цел да се обезбеди заштита на вработените, сите санитарни мерки кои се на сила во Романија се веќе имплементиран во Миовени” објавуваат од Dacia наведувајќи дека задолжително ќе се почитува мерката за социјална дистанца.

Сепак сите работници нема да почнат на работа. Токму со цел да се исполни условот за социјална дистанца, обемот на работа на почетокот ќе биде намален.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK