Путинмобилот ќе стигне и кај приватни купувачи, позната и цената

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за индустрија и трговија на Русија конечно соопшти колку ќе чини возилото Aurus Senat Sedan за приватни купувачи. Цената на супер луксузниот автомобил ќе биде трипати повисока од она што беше првично објавено и ќе почнува со 18 милиони рубљи што е еднакво на 251.096 евра.

Министерот Денис Мантуров вели дека само 5 или 6 автомобили во текот на оваа година ќе бидат произведени со намена за приватни корисници.

Сите тие биле порачани од страна на политичари, но не од оние кои се наоѓаат во Владата. Скромниот тираж се должи на „интензивните испораки за претседателската гаража.

Од Aurus се заинтересирани и за странски клиенти, а веќе е примено барање за испорака на возила за властите во Словачка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK