PSA објави пад на продажбата од 27,8%

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата е последната во низа компании кои ги објави продажните бројки за минатата година, објавувајќи при тоа дека е остварен пад на продажбата од 27,8%.

На глобалното ниво PSA Групацијата испорача 2.512.475 автомобили од брендовите на Peugeot, Citoren, DS, Opel и Vauxhall што е далеку помалку во однос на 2019 година.

Peugeot оствари пад од 23% продавајќи 1.118.912 автомобили. Пад од 29,5% оствари DS Automobiles продавајќи 43.686 автомобили, а Citroen продаде 717.190 автомобили или 27,5% помалку во однос на 2019 година.

Најголем пад забележаа Opel и Vauxhall кои заедно на глобалниот пазар испорачао 632.687 возила што е минус од 35%.

Најмногу автомобили PSA Групацијата испорача во Европа и тоа 2.123.493 автомобили, а единствен регион во кој оствари позитивен резултат е Еуроазијскиот продавајќи 13,7% повеќе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK