PSA и Renault мораат да избираат – или Трамп или Иран

ОБЈАВЕНО НА:

PSA групацијата и Renault се пред голем предизвик. Француските производители треба да одберат помеѓу Доналд Трамп и САД од едната страна и Иран од другата страна. Ова следи откако САД се повлече од мултинационалниот договор околу нуклеарната програма на Иран со што ги уцени сите компании кои соработуваат со Иран дека ќе бидат соодветно казнети.

Се започна во 2015 година кога земјите од Европската Унија заедно со САД и останатите земји од Комовелтот потпишаат мултилатерален договор со Иран со кој беше предвидено стопирање на сакнкциите што западните земји ги имаа кон Иран, а за возврат оваа азијска земја требаше да се откаже од нуклеарната програма. По ова многу компании од ЕУ меѓу кои и PSA и Renault ги обновија своите бизниси.

Ова особено важи за PSA која во 2016 година потпиша договор за заедничко вложување со Iran Khodro со што ја основаа новата компанија наречена IKAP (Iran Khodro Automobilies Peugeot), Истата година започна и производството на Peugeot 2008, 208, 301 и 508. Веднаш по укинувањето на санкциите, друг најголем производител кој покажа интерес за овој пазар беше Renault кој го обнови производството на авто делови кое го етаблираше во 2004 година.

За минатата календарска година PSA и Renault остварија удел од 40% од вкупна продажба која изнесуваше 1.592.282 возила што е бројка што не треба да се потцени. Друг факт кој не е за потценување е и одличната продажба на новиот Citroen C3 кој за само два часа по премиерата во Иран се продаде во 2.000 примероци.

Сега, по повлекувањето на САД од овој договор, властите во оваа држава ги повикаа сите компании кои оперираат во Иран да се повлечат од таа земја, а доколку не го сторат тоа ќе бидат соодветно санкционирани. Ова е голем проблем за PSA кој оваа година го лансираа 10 годишниот стратешки план за освојување на американската авто индустрија. За разлика од PSA, Renault не е под толкав притисок бидејќи не е застапен на пазарот во САД, а и нема намери во блиска иднина тоа да го стори.

На помош на европските компании излегоа европските лидери, вклучувајќи го и претседателот на Франција, Емануел Макрон кој изјави дека е потребно да се заштитат европските компании во Иран.
Но како што пренесуваат американските медиуми, во наредниот период САД ќе испратат ултиматум до компаниите, па оттука останува неизвесно каков епилог ќе има од оваа сага која може да значи голема загуба за европските производители, особено за PSA која пред неколку години се најдоа во иста состојба поради што мораа да платат речиси пола милијарда американски долари на Iran Khodro.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK