Првпат Јапонец: Honda E е “Германски автомобил на годината” за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Honda E е добитник на наградата германски автомобил на годината за 2021 година (German car of the year 2021) со што стана првиот јапонски автомобил кој се здоби со ова признание.

Малиот електричен јапонец ја освои оваа награда победувајќи во финалето против VW Golf, VW ID.3, Polestar 2 и Alpina B3.

“Да се биде прв јапонски автомобил со оваа награда е огромна чест” изјави меѓудругото Кацухиса Окуда, прв човек на Honda Motor Europe..

Наградата и оваа година ја додели стручното жири составено од 18 новинари кои гласаа согласно неколку параметри. Жирито се одлучи трета година по ред за најдобар автомобил да одбира електричен откако претходните две години тоа го направи со изборот на Jaguar I-Pace и Porsche Taycan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK