Први фотографии од најлудиот SUV во светот со шест тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Американската компанија одлучи да пушти СУВ со шест тркала кој ќе биде уште поневеројатен од импресивниот Rеzvаni Tаnk. Во моментов, сепак, нема многу детали. Името ќе биде Rеzvаni Hеrсulеs 6X6.

Познато е дека автомобилот се базира на пикапот Jееp Glаdiаtоr. Судејќи според фотографиите, предниот дел е направен во духот на Rеzvаni Tаnk, но во целина димензиите се поголеми, а формите се погруби.

Се шпекулира дека овој автомобил со шест тркала ќе чини повеќе од 300.000 долари. Блиндираната верзија, која ќе се појави во продолжение се разбира ќе биде многу поскапа.

Под хаубата на „чудовиштето“ со шест тркала ќе биде инсталиран 6.2-литарски V8 Hеmi мотор. Стандардната верзија ќе развива околу 500 коњски сили, но ќе има и рафиниррана со компресот, која ќе достигнува моќност од 1000 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK