Првата Corvette C8 на аукција во јануари

ОБЈАВЕНО НА:

Corvette е култен модел на Chevrolet кој за прв пат се појави во 1963 година под името Sting Ray. Од овој период па се до сега има седум генерации од овој модел кој важи за еден од најпродаваните спортски автомобили во САД.

Во јули годинава е претставена новата генерација, а првиот примерок од новата Corvette C8 ќе биде продаден на аукција која ќе се одржи во јануари во Скотсдејл, Аризона.

На оваа аукција организирана од страна на Barrett-Jackson ќе биде понуден примерокот со VIN број 001. Истиот доаѓа  со 6.2 литарски LT2 V8 мотор кој продуцира 497 КС.

Почетната цена на аукцијата не е позната, но сигурно е дека нема да биде помала од 59.995 долари колку што ќе изнесува и почетанта продажна цена на овој автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK