Прва премиера во Франкфурт – VW го претстави новото лого

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот на минатиот месец од Volkswagen обелоденија дека ќе добијат ново лого. Иако сите очекуваа тоа да биде дво-димензионалната изведба на постоечкото лого, сепак на саемот во Франкфурт претставија сосема друго лого.

Главниот елемент и кај новото лого е двојното V испишано со едноставни линии кое сега се наоѓа на темно сина позадина.

Покрај новото лого, Volkswagen го претстави и новото мото. Така тоа сега гласи “New Volkswagen”, а набрзо и логото и мотото ќе се најдат во сите медија материјали и продажно-сервисни салони ширум светот.

Со воведувањето на новото лого и мото, Volkswagen сака да го означи почетокот на новата ера во бизнис работењето каде акцент ќе има на електричните автомобили. Истовремено, со новото лого, VW ќе се обиде да ја поправи репутацијата која драстично беше нарушена по скандалот “Дизелгејт”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK