Протекоа првите фотографии од новиот Fiat Tipo (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Додека се чека сè поверојатното мегаспојување на двата автомобилски концерни PSA и Fiat Chrysler Automobiles, кое е малку забавено со оглед на моменталната пандемија на коронавирусот, секогаш е интересно да се слушне и по некоја добра вест поврзана за новиот модел на овие два произведувачи на автомобили. Деновиве на интернет се појавија „сосема случајно“ и три фотографии од идната фејслифт верзија на моделот Fiat Tipo.

Станува збор за обновениот модел од C-сегментот, а најавите се дека премиерата ќе ја има на крајот на оваа година. Tipo беше еден од ударните модели на производителот од Италија, кој прво се произведуваше во две серии во периодот меѓу 1988 и 1995 година.

Овој модел на Tipo го дизајнираше Centro Stile Fiat во Мирафиори во Торино, а во развојот учествуваше и Tofaş, заедничко вложување на Fiat Grоup и турскиот Koç Holding. Во декември во 2015 година, автомобилот ја освои наградата Best Buy Car of Europe за 2016 година од жирито Autobest, кое го сочинуваат 26 водечки новинари од 26 европски земји. Обновениот Fiat Tipo, како одговор на произведувачот од Торино за Volkswagen Golf, се тврди дека немаскиран бил уловен во фабриката на Fiat во Турција.

Најочигледниот стилски додаток е додавањето на новото лого на Fiat кој ја заменува црвената и сребрената заоблена значка на актуелните производствени модели. Новата значка сега е со еднотавен ретро стил, првпат виден кај минатогодишниот концепт Centoventi. Другите видливи детали вклучувајќи ги и новите LED предни светла, здебелената нова предна решетка и преобликуваните светла за магла. Заштитните облоги на предниот крај сугерираат дека подновениот Tipo би можел да биде понуден во cross облик, како моделите на Fiat 500X i Panda.

Што се однесува до механичките промени, веројатно дека обновениот Tipo ќе се нуди со новиот благ хибриден погонски агрегат, кој од неодамна е достапен во Panda и модел 500. Се работи за 1.0-литарски трицилиндричен бензинец со 12-волтен ремен кој се напојува од електричен мотор и литиум-јонска батерија, за која се зборува дека ја смалува емисијата на CO₂ и до 30 проценти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK