Промена на планот – фабриката на Nissan во Барселона ќе работи уште најмалку година

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само неколку месеци беше потврдено затворањето на фабриката во Барселона, Nissan сепак го промени планот.

Првично, планирано беше фабриката да се затвори годинава, но сега објавено е дека таа ќе работи уште најмалку една година.

Ова меѓу другото произлегува по долготрајните преговори помеѓу јапонскиот производител и синдикатот на фабриката. Договорено е да нема отпуштање на вработените до декември следната година, а ниту намалување на платите и обемот на работа.

Во фабриката во Барселона работат 3 илјади лица, а дополнително, 20 илјади работат кај главните добавувачи на фабриката. За затворање на фабриката Nissan ќе потроши 1,7 милијарди евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK