Производителите во големи проблеми – нема делови, нема производство

ОБЈАВЕНО НА:

Се поголем дел од производителите на автомобили се соочуваат со проблеми во производството.

Голем дел од добавувачите имаат проблеми со ланецот на снабдување поради што не се во можност навремено да ги достават сите компоненти до производителите на автомобили.

Последен во низата производител кој има потешкотии во производството е Volkswagen. Германскиот производител најави дека производството е со намален обем, а главната вина ја имаат Bosch и Continental кои не може да ги достaват бараните компоненти. Поради тоа, германскиот производител размислува да побара обештетување од своите добавувачи, пренесува Automobilwoche.

За потсетување, претходно Renault, Fiat, Nissan, Toyota и Honda поради истата причина го прекинаа или намалија производството.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK