Производителите се договорија – Познато е кога престанува производството на дизел камиони!

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите кои произведуваат камиони во Европа планираат голем исчекор. Иако веќе се знаат потезите кои ќе ги направат, ќе помине уште некое време додека да го направаат клучниот исчекор.

Сепак, од Daimler, Scania, Man, Volvo, Daf, Iveco и Ford веќе најавија дека од 2040 година престануваат со производство на камиони со дизел мотори.

Најголемите играчи во индустријата планираат да вложат меѓу 50 и 100 милијарди долари во развојот на технологијата на водород, електричен погон и синтетички горива.

Се претпоставува дека развојот на електричниот погон ќе се насочи на камиони кои извршуваат доставување во градовите, но дека камионите кои минуваат голема раздалеченост ќе користат други погони.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK