Произведен 500.000 Fiat 500X

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat во фабриката во Мелфи на југот на Италија јубилејно го прослави 500.000 произведен примерок од моделот 500X. Италијанскиот производител дојде до оваа бројка откако во 2014 година влезе официјално во производство, откако претходно беше претставен на саеемот во Женева.

Јубилејниот примерок е во двобојна, бело-црна каросерија со новиот FireFly бензински мотор опремен со 150 КС. Овој примерок со автоматски менувач ќе биде испорачан на купувач во Италија, земја во која се продадени најголем дел од овие половина милион примероци.

Овој модел кој се базира на истата платформа како и Jeep Renegade покрај во Европа се продава и во САД каде минатата година се продадоа само 5.223 примероци што е далеку помалку од Европа каде изминатата деловна година беа продадени 94.960 автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK