Продолжува производството на Fiat во Крагуевац

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката на Fiat во Крагуевац поради малата продажба на Fiat 500L беше подолго време затворена минатата година. Оваа година пак, поради малата побарувачката и коронавирусот, фабриката работеше само неколку недели.

Вработените во меѓувреме беа праќани на принуден одмор, но им беше исплаќан дел од платата.

Сега конечно од FCA Srbija објавија дека производството продолжува. Истото ќе се одвива само во две смени почитувајќи ги сите препораки од страна на Владата на Србија за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Пред само неколку денови, се појавија и информации дека FCA ќе потпише договор со Владата на Србија за продолжување на договорот кој истече минатата година, а наскоро би требало да почне и производството на нов модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK