Продолжува падот на продажбата во Франција, Германија и Шпанија

ОБЈАВЕНО НА:

Падот на продажбата на нови автомобили во Франција, Германија и Шпанија и натаму продолжува. Официјалните податоци за продажбата во мај го покажуваат тоа иако даваат одредени сигнали на опоравување, споредбено со март и април.

Во Франција продажбата во мај годинава споредбено со истиот месец минатта година падна за 50,3%, но покажува подобрување од април кога продажбата беше на рекордно ниско ниво.

Во Германија минатиот месец според податоците на KBA продадени се нешто над 180 илјади нови автомобили што претставува пад од 49,5% во споредба со мај минатата година.

Минатиот месец продажбата на нови автомобили во Шпанија забележа пад од 73% споредбено со истиот месец минатата година. Така во мај се продадени 34.337 нови автомобили што пак споредбено со април е пораст за 4.163.

Експертите очекуваат падот да продолжи и во јуни и јули, а да се стабилизира есента.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK