Продажбата во Кина го врати профитот на Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Одличен прв квартал проследен со позитивен финансиски резултат оствари Mercedes-Benz. При тоа најголем импакт врз ваквиот резултат имаше продажбата на брендот во Кина која продолжи да расте.

На глобално ниво, во првите три месеци се испорачани 590.999 нови автомобили од овој бренд, а повеќе од 30% или 220.520 од автомобилите се продадени на кинескиот пазар.

Финансиските резултати покажуваат дека во првиот квартал германскиот производител оствари добивка од 5 милијарди евра пред оданочување што е далеку повеќе од минатогодишните 719 милиони евра. Аналитичарите сметаат дека добивката по оданочувањето нема да падне под 4 милијарди евра што секако е одличен резултат.

Ова, но и премиерата на електричниот EQS придонесе да претходните денови акциите на Daimler се зголемата за 3,1%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK