Продажбата на дизел возила во Европа на ниво од пред 20 години

ОБЈАВЕНО НА:

Факт е дека електричните возила, хибридите и плагин хибридите стануваат се попопуларни и секој месец се зголемува бројот на продадени возила со вакви мотори. Од друга страна постојано паѓа бројот на продадени возила со дизелски мотор.

Според првичните од LMC Automotive покажуваат дека пазарниот удел на новите дизел автомобили во Западна Европа паднал под 20% во минатиот месец, што според статистичките податоци е првпат по 20 години.

Статистиката на LMC Automotive покажува дека побарувачката за нови дизел автомобили се намалила на сите пазари во Западна Европа во август, со особено сериозен пад во:
Австрија – од 38,1% на 27,9%,
Луксембург – од 37% на 26,1%,
Португалија – од 34,3% на 23,6%.

Остриот пад во бизнисот со нови дизел автомобили беше забележан и за првите осум месеци од годината, со намалување овде од 29% на 23,4%.

Речиси 92.000 помалку нови дизел автомобили беа купени во Западна Европа во август, достигнувајќи ниво од 125.300 возила во август. Намалувањето од почетокот на годината изнесува околу 175.400, а постигнатото ниво на продажба е 1.724.600 единици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK