Проблеми за ЕУ: Во 10 земји во просек нема ни еден EV полнач нa 100 км. главен пат

ОБЈАВЕНО НА:

Европската Унија сериозно се залага за електрификација во сообраќајот и транспортот, но последните податоци велат дека има сериозен недостаток на полначи на патиштата во ЕУ кај земјите членки. Во 10 земји членки на ЕУ во просек нема ниту по еден полнач за електрични возила на 100 км. од главните патишта. И сите тие членки имаат пазарен удел на електричните возила под 3 отсто (со исклучок на Унгарија).

Според планот на Европската комисија објавен во јули 2021 година, се предвидува до 2030 година емисијата на ЦО2 од новите возила на биде за 55 отсто помала во однос на 2021. Европските производители на возила ќе треба да вложат милиони во електрични автомобили за да може да се постигне новата цел.

Проблем е што нема да има нови конзументи на електрични возила доколку на патиштата нема доволно полначи.


„На пример, ако граѓаните на Грција, Литванија, Полска и Романија треба да патуваат 200 и повеќе километри за да најдат полнач, не може да се очекува од нив да бидат расположени да купат електричен автомобил, објаснува Ерик Марк Хуитема, генералниот директор на АЦЕА.

Според документот на АЦЕА најмногу полначи на 100 км. патишта во ЕУ има во Холандија – дури 47,5. Потоа следува Луксембург со 34,5, Германија – 19,4, па Португалија со 14,9 и Австрија со 6,1 полнач.

На дното на таа листа се наоѓаат: Романија – 0,5, Летонија – 0,5, Полска – 0,4, Грција – 0,2 и Литванија со 0,2 полначи на 100 км. главни патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK