Пристига најсилниот Mini досега – ќе има 300 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Најновото издание на моделот Mini John Cooper Works GP со себе ќе донесе мотор кој ќе располага со повече од 300 коњски сили.

Во Mini интензивно го тестираат најновото издание на својот најсилен модел досега. Зад познатиот назив John Cooper Works GP (најлесна и најсилна верзија на Mini) овој пат се крие автомобил кој ќе се произведува во ограничена серија од 3000 примероци. Со себе ќе донесе долитарски четири цилиндричен турбо бензин мотор со повеќе од 300 коњски сили, што јасно става до знаење дека Mini JCW GP ќе биде новиот суверен водач на „дивиот чопор“ во категоријата на автомобили во В сегментот.

На фотографиите на еден од тест прототиповите и покрај интересната камуфлажна фолија може да се види нагласено проширените заштитници од кал и големиот заден спојлер, а значително поинаку е дизајниран и предниот браник кој со себе донесува поголем насочувач за воздух.

Mini JCW GP и овој пат ќе бид двосед бидејќи задните седишта своето место ќе го отстапат на цевките на делумно безбедносниот кафез. Под крилата ќе има сосема доволно место за тркалата со голем пречник под кои че има адекватни кочни кои успешно ќе излагаат на крај со потенцијалот на дволитарскиот турбо бензин мотор на BMW, кој веројатно ќе биде комбиниран со автоматски 8-степен менувач.

Mini JCW GP премиерно би требало да биде претставен пред крајот на годината, а првите примероци во продажните салони се очекуваат на почетокот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK