Претставена Skoda Rapid Sport Edition

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda во октомври 2019 година објави дека за рускиот пазар ќе го врати моделот Rapid во седанска изведба. Сега, по речиси две  години ја претстави и Sport Edition верзијата на овој модел.

Она што е “специјално” кај оваа верзија е предната црна маска, куќиштата на ретровизорите во црна боја, додатните прагови како и натписите “Skoda” и “Rapid” кои исто така се во црна боја. Даѓа и со нови 16 инчни алуминиумски фелни и предни светла за магла.

Во внатрешноста пак, доаѓа со нови штофени седишта со црвени линии кои се со греење, мултифункционален управувач со спортски детали, автоматски клима уред, темпомат, инфотајнмент систем кој овозможува интегрирање со паметен телефон, а тука е и т.н. Swing звучниот систем со шест звучници.

Почетната цена на оваа верзија во Русија изнесува 1.215.000 рубљи што е еднакво на 14.000 евра. Овој модел ќе биде достапен само на рускиот пазар, a производството веќе се спроведува во фабриката на VW во рускиот град Калуга.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK