Претседателот на Туркменистан возеше околу “Вратата до пеколот”

ОБЈАВЕНО НА:

Претседателот на Туркмениста Гурбангули Бердимухамедов возеше цели 16 минути околу познатата “Врата на пеколот” која се наоѓа во пустината Каракум во оваа земја.

Бердимухамедов го спроведе овој потфат со цел да докаже дека е жив откако некои западни медиуми пишуваа дека тој починал.

Дупката која се појави во далечната 1971 година како последица на метанот, е популарно место за многу авантуристи од светот па популарноста на ова место најдобро ја искористи Бердимухамедов кој се реши за овој несекојдневен предизвик.

Бердимухамедов во политиката е дел уште од 1997 година кога ја извршуваше функцијата министер за здравство, за потоа да биде заменик претседател.
Од 2006 година па се до денес е претседател на оваа земја која важи за близок сојузник на Русија, што е причина зошто одредени медиуми го сметаат и за диктаторот – пријател на Русија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK