Претседателот на Toyota има желбa за уште еден спортски автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Кој кажа дека претседателите на големите авто производители немаат желби? Во интервју поврзано со премиерата на Supra, Тецуја Тада, главен инжинер во Toyota изјави дека претседателот на јапонскиот производител, Акио Тојода има три желби.

Желбите не си нималку скромни, три желби за три спортски автомобили во гамата на Toyota. Како што наведува инжинерот, Тојода покрај Supra што го гледа како најмоќен спортски автомобил и моделот 86 кој е позициониран под Supra, сака уште еден модел кој ќе биде позициониран под моделот 86 и ќе биде најмалиот спортски автомобил во гамата.

За сега се исполнети две од трите желби, меѓутоа третата желба е на прагот на исполнување, особено по премиерата на концептот S-FR на саемот за автомобили во Токио во 2015 година.

Иако и тогаш и денес нема многу информации околу овој модел, сепак истиот е осмислен како конкурент на Mazda MX-5 Cup, а поради одличниот фидбек од вљубениците на спортски автомобили, можно е во наредните две до три години овој концепт да го видиме во сериско производство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK