Престанува да се произведува овој модел на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Палетата на возила о понудата на Volkswagen наскоро ќе биде скратена за еден голем купе седан. Германскиот гигант неодамна објави дека моделот Arteon е минато, а за Car and Driver потврди дека 2024 година ќе биде последната година од продажбата на тој модел.

Според извршниот директор на VW, Томас Шафер, компанијата ќе се фокусира на помал број возила во поголем обем, додека од друга страна, возилата кои се произведуваа во мали количини како што е Arteon ќе бидат исфрлени од употреба.

Arteon пристигна на пазарот во 2017 година како порафинирана верзија на популарниот седан VW – Passat, кој исто така стана дел од историјата. Се повеќе производители ги симнуваат од понудата лимузините и се ориентираат на СУВ возилата. Според податоците за продажбата на VW, Arteon е во голем пад во последните две години.

На пример, само 5.537 возила Arteon биле продадени во САД во 2021 година и само 1.742 во 2022 година. Кога се знае дека во тие години во Америка VW продаде 375.000 и 300.000 возила, тогаш одлуката за прекин на моделот е кристално јасна.

Во овој момент, Volkswagen не објави директна замена за Arteon. Познато е само дека електричниот ID.7 треба да биде некаква замена за Arteon и Passat.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK