Премиерата е се поблиску – пристигнува Jeep Commander

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Jeep објави тизер видео со кое го најавува доаѓањето на моделот Commander. Се работи за модел инспириран од Jeep Compass, а кој доаѓа со три реда седишта.

Истиот ја нема додавката Grand како Grand Commander, а засега доаѓа како специјален модел наменет за пазарот во Јужна Америка.

Commander беше дел од понудата на Jeep во периодот од 2005 до 2010 година. Се произведуваше во САД и Австрија, а поради слабата продажба не доби наследник. Разликата со овој модел првично произлегува од димензиите. Моделот од првата деценија на овој век е со должина од 4,788 мм, додека новиот Commander се очекува да биде со должина многу приближна до 5 метри.

Засега е пoтврдено дека дизајнот ќе биде инспириран од новиот Compass, ќе дојде со три реда седишта, 10,25 инчна инструментална табла и целосно нов инфотејнмент систем чија големина, во зависност од опремата, ќе се движи меѓу 8,4 и 10,1 инчи. Ќе биде понудеn во верзија со преден, но и погон на сите четири тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK