Премиера на веќе распродаденото Lamborghini Sian Roadster (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Паралелно со објавувањето на првите детали за новата лимитирана серија на Sian Roadster, Lamborghini објави дека секој од нејзините 19 претставници веќе е распродаден.

Хибридното Lamborghini Sian Roadster ветува максимална моќност од 819 коњски сили, што го претвора во најмоќното кабрио во целата историја на легендарниот брендт.

Во бројки, автомобилот, кој дебитира пред светот во специјално избрана боја Blu Uranus е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди и да развие максимална брзина од над 350 км/ч.

Lamborghini Sian, кој дебитираше за време на автомобилскиот саем во Франкфурт во минатата година е опремен со иновациски хибриден погонски систем со V-образен, 12-цилиндричен мотор, компактен електромотор и иновациски суперкондензатор, со општа максимална моќност која изнесува 819 коњски сили.

https://youtu.be/JMBq-wX7eC0

За разлика од верзијата Roadster, Sian ќе биде произведен во лимитирана серија од 63 примероци, а секој од нив ќе биде персонализиран целосно според барањата на клиентот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK