Преку 20.000 нарачки за Porsche Taycan

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во 2015 година дебитираше како концепт под името Mission E, Porsche во 2017 година ги објави плановите за сериско производство на овој концепт кој подоцна го доби името Taycan.

Сега, по нешто повеќе од една година овој модел е носечки во електричната иднина на германскиот производител. Дека тоа е така потврдува и бројката од над 20 илјади нарачки пристигнати на адресата на Porsche, а кои се однесуваат на овој модел, потврдуваат со гордост од производителот.

Позиционирајќи помеѓу Cayenne и Panamera, овој модел е технички најдобар во историјата на производителот, пренесуваат од Porsche. Dо 100 км/ч. ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење ќе може да помине речиси 500 км.

Инаку кон крајот на минатата година беше објавена и цената на овој модел којаж изнесува 80.000 евра. И со оваа цена, електричниот модел ценовно ќе се смести помеѓу Porsche Cayenne и Porsche Panamera кој ќе чини помалку од Taycan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK