Предупредување: Електричниот автомобил не го паркирајте близу до куќи

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Chevrolet имаше драматична порака која е повеќе како апел до сопствениците на Bolt, а истата гласи: „Не го паркирајте вашето возило во вашите гаражи, уште повеќе не ги паркирајте во близина на куќите.

Причината за ова соопштение се најмалку четири пожари кои се забележани на моделот Bolt. Затоа американскиот произведувач објави повлекување кое вклучува 68.667 автомобили ширум целиот свет од кои 50.925 се продадени во САД.

Погодени се моделите произведени од 2016 до 2019 година, а тоа оние LG Chem батерии. Произвeдувачот не ја знае точната причина за пожарот, но решението на овој проблем се очекува во првиот квартал од 2021 година. Во еден случај се споменува и вдишување на отровниот чад, но не е прецизирано што се случило со несреќниот возач.

Chevrolet на 17 ноември ќе го ажурира софтверот за овој автомобили, но тоа е само дел од решението. Како дополнителна белешка, на сопствениците исто така им се советува максимално полнење на батериите до 90 проценти за да се спречи прегрејување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK