Празните улици им донесоа улични трки – фрчат казни и конфискации на возила

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот ги испразни улиците на многу европски и северноамерикански градови. Како никогаш досега, улиците на големите метрополи не биле испразнети и тоа во периоди од денот кога вообичаено би биле најголемите гужви.

Ова се покажува дека е добра мерка во борба против коронавирусот од една страна, а индиректна придобивка е и чистиот воздух.

Но, покрај позитивните оваа мерка донесе и негативни страни. Се почести се нелегалните улични трки, но и брзите возења. Со ваков проблем се соочува полицијата во Торонто, Канада која веќе казни 18 возачи за пребрзо возење. Еден од казнетите во центарот на градот возел 129 км/ч поради што е казнет со повеќе од илјада долари.

Оние што биле фатени се казнети со 2.000 канадски долари (околу 1.300 американски долари), добиле казнени поени и по една недела им биле запленети возилата. Истовремено, на социјалните групи се организираат и нелегални трки, а канадската полиција предупредува дека оние кои ќе бидат фатени како учесници и организатори на истите може да се соочат и со затворски казни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK