Познати цените за новата генерација на Toyota RAV4

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатиот март на саемот во Њујорк ја имаше светската саемска премиера, по помалку од една година новата, петта генерација од популарниот модел RAV4 се најде во продажно-изложбените салоти ширум Европа.

Со самото тоа разрешена е и дилемата околу цените по кој ќе се продава овој модел.

Германија, Франција, Италија, Холандија и останатите земји од нивното окружување се првите во Европа каде доаѓа овој модел. Во зависност не сите подизведби различна е и почетната цена за основниот модел.

Така во Шпанија новиот Toyota RAV4 можете да го купите за 35.100 евра, во Италија ќе ви бидат потребни 34.550 евра, во Франција 32.000 евра додека во Германија овој SUV може да биде ваш за само 29.990 евра.

Основниот модел е опремен со 2.5 литарски мотор достапен со хибридна верзија и Active ниво на опрема. За 43.990 во сите овие земји ќе добиете хибридна верзија на новиот RAV4 опремен со 2.5 литарски мотор, Lounge ниво на опременост и погон на сите четири тркала.

Во Македонија овој модел се очекува да пристигне на пролет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK