Повторен обид за продажба на Ducati

ОБЈАВЕНО НА:

Откако изминатите години, особено по избивање на Дизелгејт скандалот, се шпекулираше за можна продажба на Ducati, сега се чини дека Volkswagen Групацијата активно работи на тоа.

Повеќе еминентни магазини за автомобилизам ја објавија веста за наводен консензус во раководното тело на Volkswagen Групацијата за трајна продажба на Ducati.

Италијанскиот бренд под капата на Volkswagen дојде во 2012 година кога Lamborghini го купи, а Audi успеа да дојде до целосен посед на акциите со правото на глас.

Причината за ова лежи во тоа што Volkswagen Групацијата сака да обезбеди свеж прилив на финансии кои ќе ги вложи во развојот на електричните возила, а воедно и да ја зголеми ликвидацијата, а со тоа и да го облагороди капиталот на акционерите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK