Повисока патарина за возилата кои повеќе загадуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Одлуката е донесена! Возилата кои загадуваат повеќе наскоро ќе плаќаат повисока патарина. Оваа одлука ја донесе Европската Комисија по повеќемесчни анализи, истражувања и дискусии.

Со ова практично се формализира идејата која прв пат беше претставена во јавноста во 2018 година.

Целта на оваа одлука е да се мотивираат жителите на земјите од Европската Унија да купуваат понови возила т.е. возила кои ги исполнуваат строгите WLTP стандарди за емисија на CO2. Крајна цел пак е, да се намалат штетните честички во воздухот, а со тоа и подобри и квалитетот на воздухот кој е проблем на голем број градови во земјите на Европската Унија.

Законот кој е одобрен во Брисел нема статус на задолжителен за сите земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK