Повеќе од 700 лица го порачале рускoто луксузно возило Aurus

ОБЈАВЕНО НА:

Порачките на руски луксузни автомобили продолжуваат да растат. Во моментов се потпишуваат уште 65 договори за доставување на автомобилите Аurus, а досега веќе се порачани над 700 автомобили, што е импресивен показател за автомобили од таа супер премиум класа.

За потсетување, во октомври минатата година компанијата објави дека се добиени 600 најави за автомобилите Аurus. Во рамки на четири месеци повеќе од 100 лица одличиле да купат од автомобилите од овој бренд.

Треба да се одбележи дека купувачите на aвтoмoбилите Аurus ќе треба да ги чекаат за да им бидат доставени повеќе од една година. Според раководните лица првите доставувања на седанот Аurus Sеnаt ќе почнат во мај 2021 година. Тие ќе бидат произведени во фабриката Елабуга. Првите СУВ Аurus Kоmеndаnt пак ќе треба да се да чекаат уште подолго пред да се најдат во рацете на новите сопственици.

Според плановите на компанијата ќе почнат да се произведуваат 14 месеци откако првиот седан ќе ја напушти производствената линија односно тоа ќе биде дури во јули во 2022 година.

Покрај тоа објавено е и дека проектот за правењето на автомобилите Аurus во Oбeдинeнитe Арапски Емирати најверојатно нема да се оствари, со оглед на тоа што раководните структури на компанијата не гледаат економски смисол во тоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK