Повеќе од 10 илјади нарачки за Audi E-Tron

ОБЈАВЕНО НА:

Откако од 17 септември годинава се започна со примање на нарачки за Audi E-Tron, германскиот производител, 10 дена подоцна објавува дека за само толку дена пристигнале над 10 илјади нарачки.

Дека ова е навистна неверојатно добра бројка говори и фактот што конкурентот на овој модел, Model X во текот на цела 2017 година забележа продажба од 12.600 примероци, а E-Tron за само 10 дена веќе е резервиран од нешто над 10 илјади купувачи.

E-Tron доаѓа со бројни технолошки иновации. Најпрво, наместо ретровизори ќе има странични камери кои ќе продуцираат слика на OLED екраните поставени на внатрешната страна од предните врати. Со вградената батерија овој автомобил ќе може да помине до 400 километри, а двата мотори продуцираат над 400 КС што го прави доста моќен автомобил.

Почетната цена за основниот модел во Германија започнува од 79.900 евра, а за да го нарачате ќе мора да издвоите симболични 1.000 евра од вашиот буџет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK