Потврдено: Новиот SUV на Ford на база на Mustang доаѓа следниот месец

ОБЈАВЕНО НА:

Она што речиси една година се најавуваше сега добива на официјална потврда – Ford и официјално ќе го претстави новиот SUV кој се базира на моделот Mustang.

Станува збор за електричен SUV со спортски карактер целосно инспириран од Mustang кој ќе биде комерцијализиран под името Mach.

Овој модел се темели на новата C2 платформа. Сериската верзија ќе располага со литиумско-јонска батерија која ќе овозможи автономија од околу 600 км.

Премиерата на овој модел е закажана за 18 ноември во Лос Анџелес кога ќе бидат објавени повеќе официјални информации за цената, производството како и техничките карактеристики.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK