Потврдено доаѓањето на Rivian во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Подолго време се шпекулира за доаѓањето на Rivian и на европскиот пазар, но сега, овој производител на електрични возила официјално потврди дека на европското тло доаѓа на почетокот на следната година. Оваа вест американскиот производител ја потврди во електронска порака испратена до потенцијалните купувачи во Европа преку CEC (Customer Engagement Center).

Во електронската порака која е објавена на форумот на сопственици на Rivian се наведува дека продажбата во Европа е планирана да започне порано следната година.

Засега не е познато со кои модели ќе биде достапен на европскиот пазар. Во САД, но и во Канада каде продажбата стартуваше минатиот месец, овој бренд е достапен со моделите R1T и R1S. Останува да се види дали истите тие модели ќе бидат дел и од европската понуда.

За оние кои не се толку упатени, овој производител е основан во 2009 година во Ирвин, Калифорнија. На пазарот се појави како компанија за развој на автономни и електрични возила, а низ годините се трансформираше како вистински конкурент на Tesla, а овој епитет допрва ќе треба да го потврди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK