„После карантинот“ – ново промотивно видео на Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

“После карантинот” – италијанскиот производител ја објави својата најнова комерцијална реклама во која главната улога ја имаат моделите 500L и 500X.

Во рекламата доминираат видео инсерти од празните градови како Њујорк, Париз, Москва, Фиренца, Милано, Рио де Жанеиро, со празни улици и пешачки зони, за време на карантинот.

Пораката која ја испраќа оваа реклама е дека после крантинот потребна ви е ново, поголемо возило, алудирајќи на димензионално поголемите 500L и 500X во споредба со основниот модел.

И сите предвидуваат дека автомобилите повторно се враќаат во мода, бидејќи сега сите сакаат дистанца и помалку мешање со другите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK