Поскапуваат половните автомобили во Европа – поголема побарувачка од понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот пазар на користени автомили пораснал за 10,3 проценти во август (на годишно ниво), а информацијата ја соопштува INDIСАTА. Во 12 од 13 од основните европски пазари на користени автомобили се забележува раст, а единствен исклучок е Обединетото кралство.

Силниот пораст на пазарот го потврува и генералниот европски тренд, а побарувачка на користени автомобили ја надминува понудата. Тоа објаснува зошто цените на користените возила остануваат високи бидејќи постои тенденција тие да продолжат да се зголемуваат на повеќето пазари, а во тие бројки и оние во Италија и Германија.

Најголем раст е отчитан во Турција (+ 41,7%), Пoртугaлија (+ 39%), Итaлија (+ 33,1%) и Гeрмaнија (+ 25,2%) . Единствениот пaзaр, кој забележа пад во август беше Велика Британија (-3,3%). Особено има недостиг на користени автомобили на возраст од една година. Цените на големо остануваат високи, а дилерите се сè повнимателни при своите навики за купување.

Земајќи ја предвид оваа внимателност, како и потенцијалните нови блокади поради возобновувањето на нивото на зараза со Ковид 19, директорот на глобалниот бизнис оддел на INDIСАTА, Енди Шилдс предупредува дека барањето на европскиот пазар на користени автомобили може да се зголеми уште при последната четвртина од годината, што ќе доведе до дополнително поскапување.

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА
Следете не и на:

24AUTO NETWORK