Porsche Taycan фатен без маска

ОБЈАВЕНО НА:

Несомнено е дека најавувaниот Taycan ќе биде адутот на германскиот спортски прозиводител Porsche во сегментот на спортски електрични автомобили. Интересот за овој автомобил се повеќе и повеќе расте, па оттука и заинтересираноста кон целосното откривање на изгледот на овој модел.

По неколкуте фотографии од внатрешноста, сега на интернет се појавија и првите фотографии од овој модел, но без маска. Изгледот на надворешноста е во рамките на очекувањата односно повеќето рендери кои се појавија во изминатиот перод.

Она што остава впечаток е тоа што овој автомобил беше фатен пред хотел во Пекинг што може да се толкува дека Porsche со овој автомобил во прв ред ќе се обиде да го освои кинескиот пазар кој е се повеќе и повеќе примамлив за европските производители.

Porsche Taycan

Во однос на перформансите, според претходно објавените информации, Taycan до 100 км/ч. ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење ќе може да помине речиси 500 км.

Инаку кон крајот на минатата година беше објавена и цената на овој модел која изнесува 80.000 евра. И со оваа цена, електричниот модел ценовно ќе се смести помеѓу Porsche Cayenne и Porsche Panamera кој ќе чини помалку од Taycan, а веќе има над 30 илјади нарачки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK