Porsche со целосно електричен Macan, но после 2 години (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Porsche ги открија првите детали за целосно електричната верија на најпродаваниот автомомобил во моментов – СУВ моделот Macan, откако објави дека електромобилот е планирано да биде лансиран на пазарот во 2023 година.

Во моментов електричната верзија на Macan се наоѓа во почетна фаза на развој додека компанијата почнува да ги произведува првите прототипови на електричниот автомобил за реално тестирање. Досега, развојните активности на брендот беа спроведувани главно лабораториски и виртуелно.

„Тестирањата во реални услови почнуваат сега, а тоа е една од најважните точки во развојниот процес“, вели Михаел Штајнер, член на извршниот одбор на одделот за истражување и развој на Porsche AG. Од компанијата исто така споделуваат дека до моментот на целосно лансирање на Macan на пазарот во 2023 година со неговите прототипови ќе бидат изминати околу 3.000.000 тест километри во различни услови.

При пазарното лансирање, целосно електричната верзија на Macan ќе биде првото Porsche, равиено на база на платформта PPE (Premium Platform Electric).

Porsche Macan

Од компанијата Porsche ги открија првите детали за целосно електричната верија на најпродаваниот автомомобил во моментов – СУВ моделот Macan, откако објави дека електромобилот е планирано да биде лансиран на пазарот во 2023 година. Во моментов електричната верзија на Macan се наоѓа во почетна фаза на развој додека компанијата почнува да ги проиведува првите прототипови на електричниот автомобил за реално тестирање. Досега, развојните активности на брендот беа спроведувани главно лабораториски и виртуелно.

„Побарувачката на електрични автомобили во Европа е во пораст, но брзината на промената варира значително во светот како целост. Поради овие причини ние ќе го претставиме наследникот на актуелниот Macan со класичен погон во 2021 година. Новиот Macan со мотор со внатрешно согорување ќе се нуди заедно со целосно електричниот Macan во иднина“, велат од Porsche.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK